Sunday, September 25, 2011

Еволуција на човекот

Нашето познавање на историјата на светот, особено на историјата на човекот, се темели врз многу различни откритија на експерти од различни полиња на знаењето.
Палеонтолозите ги откриваат и проучуваат предисториските остатоци кои многу зборуваат за животот пред пронаоѓањето на писмото. Археолозите се специјализирани за древните остатоци, особено за археолошките наоѓалишта на раните цивилизации на човекот. Современите историчари ги толкуваат тие наоди, заедно со записите и документите од старите, средновековните и поновите времиња за да изградат целосна слика на минатото. Денес им помагаат новите техники за датирање и генетиката. Нашето знаење за минатото постојано се зголемува, а самото размислување за тоа уште колку треба да се открие и да се научи е возбудливо.
За настанокот на човекот има повеќе претпоставки,но две се доминантни:религиозно и научно толкување! Според религиозното толкување,творец на човекот како и на целиот свет е ГОСПОД-БОГ.Од земјениот прав му вдахнал животен дух и човекот станал живо суштество.Првите создадени луѓе биле Адам и Ева.Според научното толкување,поразвиените форми на живот потекнуваат од понеразвиени.Потеклото на човекот е од високоразвиен човеколик (антропоиден) мајмун.Човекот настанал во долг еволуционен процес ,преку природна селекција,при што големо значење имале климатските промени.Човекот морал да се приспособи на климатските услови и бил во борба за преживување.При тоа моралда го употребува разумот,кој имал голема придонес за човекот да се оддели од животните.предците на човекот се појавиле пред околу 3-4 милиони години,а на тоа укажуваат најстарите фосилни одтатоци во Јужна Африка.Од Африка почнал да се населува во Азија и Европа.Во текот на еволуцијата има повеќе видови на човек.Пред околу 2 милиони години се појавил „homo habilis“ кој почнал да гради примитивни живеалишта и да користи орудија кои сам ги изработувал од коски и камен.Потоа се појавил неандерталецот кој изумрел пред 80 000 години.Пред оклу 35 000 години се појавува „homo sapiens“-разумен човек.

1 comment: